Ахмети продолжува со средбите со печалбарите Албанци низ Европа

Од:

Кризата на конфликти може да се врати на Балканот, доколку не се ивестира во мирот и довербата, оцени лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со печалбарите Албанци во Виена, Австрија.

– Во овој случај, како конкретен пример е Косово, како чувствително прашање. Доколку се променат границите на Косово и се оддели еден негов дел, Ви велам дека ризикот е многу поголем, зашто никој не може да гарантира дека домино ефектот не може да се случи и во Македонија, изјави Ахмети, апелирајќи многу повеќе да се инвестира во мирот и доверба меѓу народите на Балканот.

Лидерот на ДУИ, на средбата зборуваше и за случајот „Монструм“, при што рече, дека граѓаните се уверени оти монтираните судења не може да се случат и оти целиот процес ќе биде надгледувам од меѓународните претставници.

– Ние се сретнавме со дипломатски претставници на САД, ЕУ и ОБСЕ, и им ја објаснивме потребата од набљудување на процесот, со цел да не се повторат судењата од минатото. ОБСЕ го набљудува процесот и ќе излезе правдината, нагласи Ахмети.

Претходно на средба во Минхен, Германија, Ахмети, изјави дека Албанците во Македонија само обединети може да ја окончаат мисијата за решавање на албанското прашање во Македонија.

– Само обдинети ќе може да ја завршиме мисијата за решавање на албанското прашање во Македонија. Раката на помирување на ДУИ и мојата секогаш ќе бидат испружени. Ја надминав мојата гордост кога легално влегов во политиката. Го фрлив кубурот и влегов во политика, и кога влегуваш во политика некој те пцуе, некој те фали. Јас сметам дека мојата мисија се уште не е завршена, треба да се продолжи понатаму, за да се реализира програмата за која сме ангажирани, рече Ахмети .

Зборуваше и за имплементацијата на Охридскиот договор, нагласувајќи дека овој документ не е целосно имлементиран. Во врска со употребата на албанскиот јазик, нагласи дека има различни толкувања, како од албанска така и од македонска страна.

-Ние велиме дека албанскиот јазик, според Охридскиот договор и Уставот е официјален јазик и тоа е така. Сите документи во Парламентот ги имаме и на албански јазик. Дали е доволно? Јас кажав дека работите се уште не се завршени, мисијата се уште продолжува, рече Ахмети.

На средбата зборуваа и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, шефот на кабнетот на претседателот на ДУИ, Артан Груби и министерот за локална самоуправа, Абдулаќим Адеми.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски