Ахмети побара поголем ангажман на Франција и ЕУ во спорот со Грција

Од:

Делегацијата на Демократската унија за интеграција, предводена од претседателот Али Ахмети, заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и Артан Груби, шеф на Кабинетот на Ахмети, денеска во Елисејската палата се сретнаа со Фабиен Пеноне, политички советник на францускиот претседател Франсоа Оланд, кој ги покрива САД, ЕУ и Западен Балкан.

Пеноне, кој е актуелниот сенатор во францускиот Парламент и специјален претставник на Оланд за Балканот, приреди работен ручек за Ахмети на кој присуствуваа и Вуален Де Вилемер, директор за Континентална Европа во Министерството за надворешни работи на Франција, Франсoа Пужо од Директоратот за Балкан во МНР и Самуел Дукрокет од надворешната француска служба за Западен Балкан во ЕУ, стои во соопштението од ДИУ.

Пеноне, како што се наведува, истакнал дека Франција ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ и поттикнува што е можно поскоро надминување на пречките кои што стојат на патот на земјата кон Брисел.

На средбите, истакнуваат од партијата, Ахмети ја изразил неговата благодарност за значајната улога на Франција за воспоставување мир и стабилност во Македонија и во регионот како и конструктивната улога на повеќе француски претставници во градењето на демократските институции во земјата и регионот.

Претседателот Ахмети исто така го поздравил ставот на Оланд околу потребата за решавање на прашањето со името. Во тој контекст, истакнал дека нагласената ангажираност на Франција како пријателска земја на Македонија и на Грција, е потребна за постигнување комромис со Атина.

– Ставовите на претседателот Оланд не охрабруваат и се надеваме дека Франција ќе се вклучи во процесот кој што конечно ќе ги стабилизира и помири сите земји на Западен Балкан. Европската Унија и земјите-членки треба да се ангажираат директно во решавањето на спорот со името за да се деблокира патот на нашата земја кон НАТО и ЕУ, рече Ахмети.

На средбите станало збор и за билатералната економска соработка при што Ахмети ги поканил француските инвеститори да ги развијат своите бизниси во слободната економска зона на Тетово.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче