Ахмети: Ние филозофијата ја градиме како во Европа

Од:

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, претседателот на ДУИ и носител на листата со кандидати за пратеници во шестата изборна единица, Али Ахмети имаше активности со граѓаните на двете тетовски општини. Во Општина Теарце имаше средба со граѓаните во Доброште, како и во Желино.

-Сега имаме две филозофии, интеграција и изолација, за ова на изборите на 8-ми мај граѓаните ќе одлучат. Ние сме за мир, ние сме за стабилност, ние сме за најголема безбедност, ние сме за иднината, ние не сакаме да ја враќаме болната историја, на неа треба да се сеќаваме, но да не ни се повтори, да ја изградиме иднината. Нашата иднина е во ЕУ, нашата иднина е 0 проблеми со соседите, да работиме како што сме работеле досега, како што го решивме проблемот со Грција, и како резултат, станавме членка на НАТО, со што обезбедивме многу голема безбедност на нашето место. Како што дадовме придонес и во проблемот со Бугарите, рече Ахмети.

Тој посочи дека кога разговара со граѓаните, од нив добива барање земјата да оди напред кон ЕУ.

-Тоа го бара бизнис класата, за образование за подобро здравство, за инфраструктира, Коридор 8, е најдобар пример, како се гради, инфраструкрура, и се поврзува Јадранско Море со Црното Море, како се врзува Анкара со Рим, како се врзува Анкара со Тирана, Коридор 8 не е проект како што велат еден месец медиумите, за да се направи Голема Албанија, овој коридор ние немаме што да правиме што поминува низ земја на Албанците, ајде да одиме да ја видиме експропријацијата сите се Албанци, од Скопје до Струга, не се за Голема Албанија но се за земјиштето на Албанците и ние никогаш не сме претендирале и не сме граделе филозофија ни Голема Албанија ни Мала, ние сме работеле и ако даде Бог, во нашето место, Тетово, Желино, Зајас, Кичево, Скопје, тие се наши не се туѓи, и не може да рече некој дека ние имаме претензии. Ние филозофијата ја градиме како во Европа. Европа е обединета, се тргнаа границите меѓу Германија и Франција, меѓу Германија и Скандинавските земји. Нивните стандарди ние ги бараме, да живееме и да ги материјализираме и на нашиот Балкан, истакна Ахмети од Желино.

Би можело да ве интересира

Средба на Ахмети со албанскиот преседател Бегај

ВРЕДИ: “Скенерот“ што го бара Али Ахмети се вика Артан нон грата Груби

Катерина Ѓуровски

За да оди на протест на поранешната ОВК во Тирана, Ахмети ги откажа настаните на последниот ден од кампањата

Меџити: Ахмети не зборува ништо за „српскиот свет“, бидејќи лобисти се неговиот син и неговото семејство

Изјавите на Ахмети не заслужуваат да се коментираат, вели Мицкоски

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија