Ахмети: Немам контакт со Груби и немам детални информации каде се наоѓа

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети вели дека нема детални информации каде e Артан Груби, откако беше јавно повикан да каже каде се наоѓа по неговата вчерашна изјава дека е на албанска територија.

– Лично немам контакт со Артан Груби и немам детални информации каде актуелно се наоѓа. Мојата изјава во текот на вчерашниот ден е базирана на тоа што е јавно изјавено од претставници на Владата, но исто така и од фактот дека тој легално си ја поминал границата Македонија – Косово. Верувам силно дека секој граѓанин, вклучувајќи го и господинот Груби заслужува правичен и неселективен судски процес далеку од селективна апликација на правото, изјави Ахмети.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека се надева оти Обвинителството ќе го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети кој, како што пренесоа вчера косовските медиуми, изјавил дека поранешниот вицепремиер Артан Груби се наоѓа на албанска територија и дека ќе се врати во земјава само ако нема одмазничка и селективна правда.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он