Демократската унија за интеграција вечерва пред дебарчани ја претстави изборната платформа за претстојните парламентарни избори што треба да се одржат на 11 декември.
Лидерот на партијата и носител на кандидатската листа за пратеници во Шестата изборна единица Али Ахмети рече дека ДУИ е најорганизираната и најсерозната партија којашто ќе ја добие максималната поддршка на албанскиот електорат, но и помалите етнички заедници за решавање на значајни прашања.
– Наша цел е стабилноста и сигурноста на земјата и релаксираните меѓуетнички односи, посебно меѓу Албанците и Македонците кои се најодговорни етнички заедници од што зависи наредокот на земјата. Главни приоритети се евроатланската интеграција и правосудните реформи кои ги бара Европа. ДУИ е најсериозна партија која ги решавала и ќе ги решава проблемите не само на Албанците, туку и на помалите етнички заедници, рече Ахмети, додавајќи дека на 11 декември секој гласач ќе гласа за својата иднина и иднината на своите деца и за евоатланскиот пат на државата.
Пред дебарчани се претстави и носителот на листата за пратеници во Петтата изборна единица Агим Шаќири. – Дадениот глас за ДУИ е глас за подобра иднина. ДУИ го смени ликот на Дебар, кој сега наликува на современа урбана средина, а видно ја подобри и патната инфраструктра која градот го поврзува со соседните градови, рече Шаќири.
Прд дебарчани зборуваа и претседателот на Изборниот штаб Беким Незири и градоначалникот Ружди Љата.