Ахмети му одговори на Мицкоски за ветингот: Да го пробаме хуморот, да видиме како ќе излезе

Од:

Да го пробаме хуморот, да видиме како ќе излезе, изјави лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети откако денеска премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите коментирајќи го барањето на ДУИ за ветинг на сите функционери рече дека очекувал ваквиот тип на хумор и сатира да завршат со заминувањето на ДУИ во опозиција.

Ахмети рече дека законот за ветинг е предложен пред четири години и повика ветингот да се случи со учество на претставници од Брисел и Вашингтон.

– Да видиме како ќе помине хуморот. Јас не правам холивудски филмови и не сум холивудски сценарист. Нека повели, сите ќе ги правиме, изјави Ахмети при посетата на Државниот универзитет во Тетово. Освен ветинг, Ахмети бара да се истражува и приватизацијата во 90-те години.

Премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на поликлиниката „Идадија“ рече дека сметал оти со одењето на ДУИ во опозиција таков тип на сатира и хумор завршил.

– Во ред е, ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира, па ќе видиме до каде ќе стигнат како политичка партија, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Државата наликува на Лас Вегас, мора да има ред во игрите на среќа, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

Мицкоски и Савески разговарале телефонски, ама за детали за предметот со мазутот не станало збор

А1он

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Мицкоски: Го избираме потешкиот пат кон ЕУ, покусиот е полн со понижувачки предизвици

Катерина Ѓуровски

Мицкоски на Самитот на Македонија 2025: Поврзување на државата за поголем економски раст