Ахмети: Инцидентите ги поттикнува ДПА

Од:

Подобра инфраструктура, развој на образованието и соживот во Арачиново им вети претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети на граѓаните што присуствуваа на митингот во општината.

Со вашиот глас ќе успееме да ги реализираме проектите кои не се наши, туку доаѓаат од вашата волја и од вашите секојдневни проблеми, рече Ахмети, кој повика тие да го дадат својот глас за нивниот кандидат за градоначалник Брахим Ајвази.

Во своето обраќање Ахмети ги коментираше протестите и инцидентите за кои смета дека се поттикнати и диригирани од опозициската ДПА.

Сите институции максимално се ангажирани за пронаоѓање и казнување на учесниците. Додека ДУИ е на власт, Албанците ќе бидат заштитени и ќе се чувствуваат сигурно. Нема да дозволиме никој да си поигрува со демократијата и со евроинтеграциските процеси, рече Ахмети.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?