ВИДЕО: Ахмети и Тачи ниту дошле во Собрание, ниту дискутирале, ама земале плата

Од:

Али Ахмети и Мендух Тачи, можеби се лути противници по политичките ствавови, но во едно се согласуваат. Имаат други обврски, а работата во Собранието им доаѓа како хоби, ама и тоа хоби како да не им се виде интересно изминатите 6 месеци, па упорно го заобиколувале.

И Тачи и Ахмети, ниту дошле на седница, а не пак да дикутираат. Но затоа за секое отсуство редовно се пријавувале. Па така имаат и најмногу оправдани отсуства, што значи платата редовно и цела им легнувала на трансакциска сметка.

Ова го покажа истражувањето објавено во извештајот „Мојот пратеник“.

Само 17 од 123-та пратеници присуствувал на сите седници.

Меѓу редовно оправдани се и Рафет Муминовиќ и Фијат Цаноски.

Но меѓу пратениците има и такви кои доаѓале, седеле во салата, но ниту дебатирале, ниту предложиле амандмани, ниту поставувале пратенички прашања. 28 од 123-та биле неми.

Изет Зеќири од НДП е пратеник со најмногу дискусии и реплики. Меѓу најактивните се и Јани Макрадули, Марјанчо Николов, Игор Ивановски од опозицијата и Илија Димовски и Силвана Бонева од мнозинството.

Најмногу процедурално реагирала Весна Бендевска од СДСМ. Јордан Пачков од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Сугаревски од СДСМ поставиле најмногу пратенички прашања.

Горан Сугаревски е незадоволен од одговорите на Владата, а Миле Пачемски дава оценка 4 за работата на законодавниот дом.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска