Ахмети и Тачи на средба со амбасадори на ОБСЕ

Од:

Во разговорите со амбасадорите на ОБСЕ во канцеларијата на организацијата во Тетово, лидерите на двете партии од албанскиот политички блок се фокусираа на спроведувањето на Рамковниот договор, меѓуетничките односи во Македонија и релациите на земјата со соседите.

„Регионот во целина е на добар правец за инсталирање на мирот, стабилноста и демократијата, но тој сè уште ги нема избегнато сите ризици што во регионот на Западен Балкан се повторуваат циклично, особено доколку регионот се тргне од фокусот на меѓународната заедница, пред сè САД, ЕУ и НАТО. Регионот сè уште има потреба во него да се инвестира и да се работи на инсталирање на добрите вредности, кои нас нè приближуваат кон ЕУ и кон НАТО, и да создадеме мостови на комуникација меѓу земјите во регионот“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Точно е дека нема ризици од можни конфликти во регионот, но меѓународната заедница треба да биде присутна тука за тие да нè научат на стандардите и на вредностите што сите се стремим да ги постигнеме“, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Тој уште еднаш го повтори ставот дека за ДПА Охридскиот договор е само губење време и оти нивната платформа е еден вид негово надополнување со два нови моменти: консензуално одлучување преку дводомен парламент и буџетска распределба соодветна за сите граѓани на државата.

Според него, Албанците во Македонија стравуваат дека ќе го изгубат историскиот чекор во интегративните процеси што веќе го фатија Албанија и Косово.

Г.М.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Има неколку сериозни наследени проблеми во врска со Студентскиот дом во Тетово

Левица: Бизнис зделка на Касами го оштети буџетот на тетовчани за околу пет милиони евра

Кривични пријави и притвор за престрелката во Тетово, двајца се во бегство

Катерина Ѓуровски

Притвор за сите што со автоматски пушки пукаа во возилото во Тетово и го убија возачот

Предраг Петровиќ

Двајца малолетници и две жени се уапсени за убиството во Тетово

Горан Наумовски

Уапсени се три лица за вчерашната престрелка во Тетово