Ахмети го информирал Хајндл дека бара начин повторно да го свика Собранието

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска по средбата со специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл, ги повика сите политички партии да ја поддржат нивната иницијатива за свикување на Собранието на Македонија со цел да се донесат некои одлуки кои влијаат на решавањето на политичката криза.

Ахмети рече дека се во контакт со другите политички партии, а се консултираат и со правни екперти како да се свика Парламентот. Според лидерот на ДУИ, избори на 5 јуни нема да се одржат, зашто не постојат услови за тоа.

– Со Хајндл разговаравме за политичката криза, како и за скопскиот договор. ДУИ ги претстави своите ставови за решавање на политичката криза. Во однос на изборите на 5 јуни сметаме дека не би било добро да се одржат, поради имиџот на земјата. Бараме начини како може повторно да се свика Собранието на Република Македонија. Го информиравме Хајндл дека ги преземаме сите мерки, во согласност со консултациите со правните експерти од земјата и странство како Собранието повторно да се стави во функција. Кога ќе проработи Собранието, ќе се отворат многу други прашања, изјави Ахмети по средбата со специјалниот германски пратеник за Македонија.

Би можело да ве интересира

Андреј Бабиш се враќа на власт: Победа на популизмот и нови предизвици за Чешка

Предраг Петровиќ

Трет ден кампања за Локалните избори 2025

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори