Ахмедовски: Да гласаме за држава по европски правила

Од:

Министерот без ресор кој е одговорен за спроведување на стратегијата за интеграција на Ромите, Аксел Ахмедовски денеска на прес-конференција по повод претстојниот референдум од Делчево се обрати до сите граѓани од ромската популација.

Македонија, рече Ахмедовски, е на прагот пред донесување историска одлука на која граѓаните треба да го дадат својот глас за држава по европски правила, рече Ахмедовски.

– Време е Европа да ја донесеме во Македонија. Не можеме да чекаме уште 27 години. Секој глас „ЗА“, носи подобра иднина за нашите деца. Децата бараат да им обезбедиме подобар живот. Децата бараат да растат во здрава животна средина, безбедна и стабилна држава. Имаме обврска да излеземе и да помогнеме Македонија конечно да тргне напред. Иднината на нашите деца е во нашите раце и во нашиот глас, порача Ахмедовски од Делчево.

Вашето однесување во недела, додаде, ќе влијае трајно врз иднината на нашиот живот и врз иднината на државата.

– Да не дозволиме дискриминацијата да биде наше секојдневие, социјалната парична помош да не ни биде главна преокупација. Да овозможиме ромската заедница да биде дел од европското семејство, порача Ахмедовски и додаде дека 30 септември е ден за историска одлука и ги повика граѓаните да гласаат.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези