Агим Шаќири од ДУИ го спаси Вељаноски од притвор

Од:

Собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања, не изгласа предлог до Собранието, да му се симне пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски.

Резултатот од гласањето беше 4 спрема 4. Во моментот на гласањето не беше присутен пратеникот од ДУИ, односно од владеачкото мнозинство, Агим Шаќири.

Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски рече дека иако не е донесен конкретен став, тоа не значи дека барањето е одбиено.

Тој најави дека ова прашање ќе биде пренесено за одлучување на пленарната седница на Собранието кога ќе се одлучи за имунитетот на Вељаноски за што се потребни 61 глас.

Расправата за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски изминатите два дена помина во жестока дебата меѓу пратениците од опозицијата и парламентарното мнозинство. Со реплики, контрареплики и паузи, пратениците се расправаа околу оправданоста да му се одземе пратеничкиот имунитет на Вељановски.

Извештајот од Комисијата треба да биде испратен до претседателот на Собранието.

Вељаноски е еден од шестмината осмничени во истрагата на Јавното обвинителство за нарачателите на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.

Покрај поранешниот претседател на Собранието, осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски, разузнавачот Никола Бошкоски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски како и ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on