А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Агенција за управување со одземен имот: ДПМНЕ со денови ја лаже и манипулира јавноста, за да избегне одговорност за распродажбата на објектите со кои ја обезвредни АД Славија

by А1он24/12/2021 - 18:0525/12/2021 - 08:08630
Share0

Од Агенцијата за управување со одземен имот велат од ВМРО ДПМНЕ со денови наназад преку прес-конференции изнесуваат невистини.

Добивај вести на вибер

„На денешната прес-конференција ВМРО ДПМНЕ изнесе лага дека на сметката на АД Славија во моментов има над 100 000 евра. Во сите изводи извадени од АД Славија, кои ви ги обезбедуваме во прилог, моментално има 1 167 315,00 мкд или 18 919 евра кои се користат за исплата на режиски трошоци и плати. Манипулацијата на денешниот портпарол, се состои во тоа што ја прикажуваат приходната а не и расходната страна на АД Славија.

Дополнителна лага беше изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во која тврдеше дека АД Славија имала годишен профит од 800 000 евра. АД Славија минатата година во својата завршна сметка, годината 2020 ја има завршено со минус 718 849,00 мкд (11 689 евра). Приходите кои ги остварува АД Славија се користат воглавно за подмирување на плати и придонеси, како и за режиски трошоци.

ВМРО ДПМНЕ се уште и должи одговори на јавноста, како ги раскрчми најатрактивните локации на АД Славија, тајно и зад затворени врати скриени од јавноста, по ниски цени. Ги повикуваме ВМРО ДПМНЕ да и одговорат на јавноста, кому и по кои цени го распродадоа над 70% од имотот на АД Славија и со тоа ја обезвредија без да ги намират долговите кон сите вработени.

Во деновите што следат ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да одговори и други прашања кои произлегуваат од фактите до кои дојде Агенцијата анализирајќи ја документацијата на АД Славија, а за кои ќе ја известиме јавноста многу наскоро“, се наведува во соопштението.

agencija za upravuvanje so odzemen imotdpmneslavija

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто