Агенција за обезбедување ќе ги чува најкритичните здравствени установи

Од:

Приватна агенција за обезбедување во критичните здравствени установи, мобилни полициски патроли пред старата Градска болница, се дел од договорените мерки утрово на состанокот меѓу министрите за здравство и за внатрешни работи, Венко Филипче и Оливер Спасовски и претставници на здравствените лица, по неколкуте напади врз лекари.

-Најостро ги осудувам нападите. Ова се напади кои немаат никаква логика. Станува збор за здравствени работници кои пожртвувано 24 часа се борат за животите на најблиските на тие кои ги напаѓаат. И во минатото имаше такви инциденти, дури и посегнаа по животот на еден колега со огнено оружје. Апелирам на казнивост на ваквите дела, изјави министерот Филипче, кој потенцира дека се предвидени дури затворски казни за таквите кривични дела.

Поради неможноста да бидат ангажирани војници да ги чуваат клиниките, на состанокот било заклучено дека најдобар и најпрактичен начин ќе биде ангажирање на професионално обезбедување.

-Професионално обезбедување ќе биде ангажирано на четири најкритични места. Едно од нив е старата Градска болница. Тука се слеваат огромен број на случаи. Се случуваат инциденти со алкохолизирани граѓани. Тука често има сообраќајки. Обезбедување ќе го чува и Ургентниот центар при Универзитетската Клиника, клиниките Токсикологија, Кардиологија и секако Клиниката за Психијатрија, која пак има и сопствен механизам за справување со инциденти, вели министерот за здравство.

МВР ќе излезе во пресрет на здравствените установи така што ќе направи мобилни патроли кои ќе патролираат околу старата Градска болница.

Во однос на тоа дали освен за лекарите и за другите здравствени работници законски нападот ќе се третира како напад на службено лице, министерот рече дека и со актуелните законски решенија се предвидени многу строги казни за напад и дека е потребна нивна примена.

-Инволвираните во последните напади се во притвор. Треба да се подигне свеста на населението за строгата казнивост на таквите дела, потенцира министерот за здравство Филипче.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он