А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Агенција за храна и ветеринарство: Нема небезбедни јајца на македонскиот пазар

by А1он04/11/2015 - 08:17327
Share0

Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ ги демантира написите во некои медиуми дека во Македонија се увезуваат небезбедни јајца од Србија.

Добивај вести на вибер

– Агенцијата за храна и ветеринарство одговорно и аргументирано тврди дека на македонскиот пазар нема небезбедни јајца, ниту од Република Србија ниту од домашно производство. Јајцата коишто се увезуваат од Србија ги исполнуваат сите безбедносни критериуми, а тоа е потврдено со заемно признатите ветеринарни сертификати за безбедност помеѓу Република Србија и Република Македонија, како и со пропратните лабораториски анализи од акредитирани лаборатории во Република Србија, соопшти Агенцијата.

Институцијата појаснува дека при секој увоз на јајца на самиот граничен премин официјален ветеринар врши контрола на безбедноста и обележувањето на јајцата, а дополнителна контрола се врши и при истовар кај операторот увозник на јајцата од страна на официјален ветеринар-инспектор.

– До овој момент Агенцијата за храна и ветеринарство нема констатирано неусогласености во безбедноста и означувањето на увезените јајца, наведува Агенцијата. Посочува и дека на оваа тема со Групацијата за живинарство минатата недела во Стопанската комора на Македонија одржала три состаноци со жининарски фарми, на кои директорот Зоран Поповски истакнал дека исполнувањето на безбедносните критериуми на увезените јајца во Македонија е еднакво со безбедносните критериуми на  јајцата од домашно производство.

ahv

Би можело да ве интересира

Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија

Горан Наумовски08/04/2026 - 14:17

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ08/04/2026 - 13:0808/04/2026 - 13:09

Кривична за Гоце Ѓорѓиевски од Крива Паланка – ги спречи службениците од АХВ да заловат крави

А1он28/03/2026 - 13:51

Спречен е увоз во Македонија нa 27 тони говедско мелено месо од Парагвај и 22 тони ореви од Казахстан

А1он22/03/2026 - 09:1622/03/2026 - 13:02

Подобрена безбедноста на храната во домовите за стари лица, информира АХВ

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 10:42

Уништена е над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

А1он21/02/2026 - 09:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто