Агелер: Постојат повеќе листи согласно кои различни лица можеби се истражуваат во различни контексти во однос на корупцијата

Од:

Постојат повеќе листи согласно кои различни лица можеби се истражуваат во различни контексти во однос на корупцијата и сите тие лица се истражуваат за да може да се донесат соодветни санкции. Сепак информациите треба да дојдат од Вашингтон, изјави амбасадорката на САД Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои имиња ќе се најдат на „црната листа“.

– Стојам зад тоа што го реков пред некој ден и сметам дека тоа е вистина, меѓутоа сепак информациите треба да дојдат од Вашингтон и јас не можам да ви дадам ниту некои временски рокови, ниту број на тоа колку лица би биле откриени, изјави Агелер, по посетата на армискиот полигон „Криволак“ со министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Прашана за посетата на координаторот за антикорупција на американскиот Стејт департмент, Ричард Нефју, Агелер рече дека и е драго што специјалниот координатор успеал да одвои време и да дојде тука.

– Јас бев утрово на средбата со претседателот Пендаровски и мило ми е што успеа да го вметне овој планиран состанок во неговата агенда. Тој не е тука да открива имиња за црната листа, ниту нешто слично, туку е тука да се дискутираат процесите, санкциите, протоколите што Владата на САД ги има по ова прашање со корупцијата. Ние сме во тесна соработка со Вашингтон, постојано секојдневно комуницираме и мислам дека Нефју е баш еден добар сојузник и промотор на сите овие процеси за борба против корупцијата која што сметам дека и за вас е едно од најважните прашања, изјави Агелер.

Би можело да ве интересира

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Банките во БиХ бараат решение за сметките на лицата кои се на црната листа на САД за да избегнат санкции

САД ги ставија Катица Јанева и Стевчо Јакимовски на црната листа

Предраг Петровиќ

Митрески – Агелер: Функционално и ефикасно Собрание е во интерес на граѓаните и на државата

Агелер: Немам сознанија дека има руско влијание во изборниот процес, но уверена сум дека е тука

Орце Костов

Едвард Џозеф: Црната листа на САД е порака која паметните политичари би требало да ја сфатат

Катерина Ѓуровски