Агелер: Немам сознанија дека има руско влијание во изборниот процес, но уверена сум дека е тука

Од:

Амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер нема сознанија за некое експлицитно и конкретно руско влијание во изборниот процес, но е убедена дена има бидејќи, според неа, е генерално присутно во регионот.

Одговарајќи на новинарско прашање после потпишувањето на меморандумот за спроведување на Фулбрајт програмата за академска размена со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, Агелер порача дека најважно за граѓаните е добро да се едуцираат за кандидатите во изборниот процес.

– Немам сознанија дека има некое експлицитно и специфично влијание, но, уверена сум дека тоа е тука, бидејќи генерално го има во регионот. Мислам дека она што е најважно како што се движиме во кон овој изборен период е граѓаните на оваа земја да поставуваат прашања за кандидатите и да ги земат предвид нивните приоритети, кога ќе гласаат. Тоа за мене е најважно и секако да се едуцираат себе си за процесот и за кандидатите, без разлика кој би можел да се меша, тоа е најважната алатка која ја имаат, истакна Агелер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во последните 24 часа, Американците испратија повеќе од 50 борбени авиони на Блискиот Исток

Иран е подготвен привремено да ја прекине нуклеарната програма

Багеи: Иран влезе во преговори со САД со намера да постигне резултати

Аракчи: САД мора итно да престанат со заканите со сила против Иран

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Арагчи по разговорите со Американците: Постигнати се конкретни договори

Горан Наумовски