Агелер: На Груби, Беџети и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, се разгледуваат и дополнителни санкции

Од:

Амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер денеска на прес-конференција информираше дека поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети се ставени на американската црна листа поради политичко мешање и обиди за оцрнување на судството во државата. Таа подвлече дека на нив и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, а во Вашингтон во меѓувреме се разгледуваат и дополнителни санкции.

-Стејт департментот на Соединетите Aмерикански Држави вчера презедоа значаен чекор во борбата против корупцијата, со ставање на поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети на американската црна листа, поради политичко мешање во судството. Затоа, на нив и на нивните најблиски членови на семејството им е забранет влезот во САД. Во Вашингтон во меѓувреме се разгледуваат и дополнителни санкции, рече Агелер.

Како што рече, се надева оти со ова ќе покажат дека САД ги користи сите можни алатки за повикување на одговорност кон овие лица, чии криминални активности ја нарушуваат безбедноста, стабилноста и доброто владеење во Северна Македонија.

-Согласно законот во САД, мора да ги ставиме на црната листа лица за кои постојат докази дека се вклучени во корупција, без оглед на нивните минати или сегашни функции. Велиме дека правдата е слепа, но таа мора да биде непристрасна и објективна за сите, без разлика на политичка партија, пол или етничката припадност, додаде Агелер.

Таа смета дека корупцијата во ниедна форма не треба да се толерира во оваа држава.

-Оние кои го поткопуваат владеењето на правото заради лична добивка, а на сметка на народот во Северна Македонија, треба да разберат дека корупцијата има последици. САД ќе продолжи да повикува на одговорност за сите инволвирани во корупција, и се надевам дека судството и оние кои го спроведуваат законот во оваа држава ќе го направат истото. Граѓаните на оваа тоа го заслужуваат, додаде Агелер.

Би можело да ве интересира

Обвинителството оформи предмет за Артан Груби и за Енвер Беџети откако без ставени на црната листа на САД

Тошковски не одговори дали доказите за Груби и Беџети ги има и Скопје и дали се постапува

Ахмети: Доколку се утврди вина, Груби сам ќе се повлече од партиските функции

Неотворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството велат од ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Груби и Беџети се на црната листа на САД, тоа е потврда на нашите сомневања за вмешаност во корупција, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Петрушевски: Артан Груби е на црната листа на САД за корупција која ја правел во иста влада со Венко Филипче