Аеромитинг за Денот на воздухопловната бригада на АРМ

Од:

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе биде одбележан Денот на воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија.

Во касарната и на воениот дел од аеродромот „Александар Велики“  ќе биде одржан аеромитинг на кој, покрај воздухопловите на  бригадата, ќе учествуваат и воздухоплови на Центарот за обука на пилоти, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување и на аероклубовите од Битола и Штип. Ќе бидат прикажани и други атрактивни содржини од припадниците за специјални намени кои се дел од воздухопловната бригада на АРМ.

На свеченоста ќе присуствува делегација од Министерството за одбрана предводена од министерот Талат Џафери и од Генерашлшработ на АРМ, предводена од заменик-началникот на ГШ  Насер Сејдини.

Во 1992 е формирана Команда на военото воздухопловство и противвоздушната одбрана на АРМ, во чиј состав влезе и воздухопловната бригада со авијациски, транспортен и борбен хеликоптерски сквадрон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски: Наскоро ќе извезуваме оружје, така ќе ја плаќаме одбраната

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО

Хегсет предупредува на непосредна закана од Кина, побара поголеми трошоци за одбрана

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ