Аеродром собра 10 тони отпад за еден ден

Од:

Комуналните служби на Општина Аеродром само денеска собраа над 10 тони отпад (50м3) кои завршија во „Дрисла“.

„Ова не е еднократна акција – ова е наша секојдневна работа. Нашите општински служби се на терен, додека Градското комунално претпријатие кое треба да ја изврши оваа работа, е неажурно и немо.

Граѓаните плаќаат за чиста и уредна средина, а не за депонии и ѓубришта. Никој нема право да го загрозува нашето здравје и иднината на нашите деца.

Од утре продолжуваме уште поинтензивно.

Ако нема веднаш реакција од ЈП „Комунална хигиена“, како градоначалник ќе поднесам кривична пријава за загрозување на животната средина согласно член 218 од Кривичниот законик, и секојдневно ќе барам постапување од Обвинителството и МВР“, објави вечерва в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Ова, како што истакна Митески, не е политика – ова е прашање на достоинство, здравје и иднина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

Сабахудин Рустеми поднесе оставка од функцијата директор на „Комунална хигиена“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски