Аеродром е прва скопска општина со над 1.000 активни случаи на Ковид-19

Од:

Во Скопје во изминатите 24 часа се забележани нови 569 случаи на лица заразени со коронавирусот, наспроти само 71 оздравен скопјанец. Починале четворица пациенти, на возраст од 63, 75, 44, и 68 години, информираат здравствените власти.

За првпат од почетокот на пандемијата, во една скопска општина има над 1.000 активни случаи на болеста (1.021). Вкупниот број на активни случаи во главниот град се искачи до нова рекордна цифра – 6.372.

Еве како се распределени активните случаи на Ковид-19 во општините во главниот град и околината:

• Чаир – 378
• Гази Баба – 847
• Аеродром -1021
• Карпош – 892
• Центар – 848
• Кисела Вода – 780
• Ѓорче Петров – 527
• Бутел – 350
• Шуто Оризари – 88
• Студеничани – 31
• Сарај – 64
• Арачиново -13
• Илинден – 150
• Сопиште – 54
• Чучер Сандево – 39
• Петровец –58
• Зелениково -32
• Странец – 75
• Нераспределен- 125

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски