Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23628, бројката на оздравени пациенти е 17239, на починати е 834.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5555, најмногу во Скопје, Струмица и Тетово.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 118
• Гази Баба – 282
• Аеродром – 531
• Карпош – 437
• Центар – 448
• Кисела Вода – 312
• Ѓорче Петров – 208
• Бутел – 107
• Шуто Оризари – 15
• Студеничани – 4
• Сарај – 16
• Арачиново – 7
• Илинден – 36
• Сопиште – 20
• Чучер Сандево – 8
• Петровец –16
• Зелениково – 8
• Странец – 12
• Нераспределен- 70
Министерството за здравство известува дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.