АЕК распиша тендери за 4G и за избор на дигитален оператор

Од:

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави тендери за доделување на радиофреквенции за користење на 4G технологија и за избор на оператор за дигитален систем DVB–T кој ќе ги пренесува ТV радиодифузерите, како дел од стратегијата за гасење на аналогниот сигнал во 2013 година.

Со објавата на јавното наддавање за доделување на фреквенции за 4G технологија, Македонија станува првата држава во регионот која ќе добие оператор кој ќе имплементира LTE (Long Term Evolution) технологија од четвртата генерација на мобилни технологии. Со тоа граѓаните ќе можат да го користат најбрзиот интернет пристап што го овозможува сегашниот развој на мобилните технологии.

Почнувајќи од 1 септември 2013 година, операторот кој ќе добие одобрение за користење на овој фреквенциски опсег наменет за LTE технологија ќе отпочне со користење на радиофреквенции за обезбедување на услугите до крајните корисници, соопштуваат од АЕК.

На овој начин, потенцираат, се стимулира обезбедување брз мобилен интернет пристап и во руралните средини, со оглед на тоа дека дел од обврските на операторот се покривање на 90 отсто од територијата на Република Македонија со овој вид на мрежи во период од четири години. Со овој чекор Република Македонија се приближува кон исполнување на дел од чекорите пропишани во Дигиталната агенда – 2020 на Европската унија.

Јавен тендер, пак, за избор на оператор на дигитален терестријален систем DVB–T претставува основа за отпочнување на процесот на премин од аналогна на дигитална телевизија.

Со заокружување на овој процес отпочнувајќи од 1 јуни 2013 год, граѓаните ќе добијат поквалитетен TV сигнал како и дополнителни услуги – програмски водич, избор на јазик итн. Операторот на дигитален систем кој ќе биде избран и на кого ќе му бидат доделени радиофреквенциите ќе има обврска до 1 јуни 2013 година да покрие минимум 80 отсто од домаќинствата во Република Македонија со дигитален сигнал, посочуваат од АЕК.

Би можело да ве интересира

Групацијата 4iG го поздравува започнувањето на јавните консултации на АЕК за нов мобилен оператор

A1on

АЕК почна постапка за јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

АЕК објави тендер за одобренија за 5Г

А1он

АЕК објави студија за влијанието на зрачењето од телекомуникациските уреди и технологии

Ана Ололовска

Преку мобилен, интернет користат 1 398 860 претплатници

Ана Ололовска