Аџиите пристигнаа преку Деве Баир, меѓу нив нема сомнителни случаи

Од:

Сите предвидени 703 патници, кои по сувоземен пат се враќаат од аџилак во Саудиска Арабија, пристигнаа во државата преку граничниот премин Деве Баир и меѓу нив нема ниту еден сомнителен случај на евентуално заболување од ебола, маларија, колера и други заразни болести, карактеристични за подрачјата во кои престојувале.

Центарот за јавно здравје од Куманово информира дека последните три автобуси со аџии пристигнале викендот и оти сите патници се во добра општа здравствена состојба.

– Акцијата на предвидените епидемиолоши и други контроли е успешно спроведена според сите заклучоци и препораки од Комисијата за јавно здравје, изјави д-р Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје од Куманово.
Во изминатите 10 дена, екипи на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и на Центарот за јавно здравје дежураа 24-часа на граничниот премин Деве Баир, кој беше одреден како премин преку кој по сувоземен пат единствено можеа да се враќаат аџиите од Саудиска Арабија.

Во следниот период аџиите редовно ќе треба да се јавуваат во матичните центри за јавно здравје, каде ќе подлежат на задолжителен 21-дневен здравствен надзор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка