Адвокатскиот тим на Боки 13: Не знаевме дека има снимки, првпат ги видовме во медиумите

Од:

Адвокатскиот тим на Бојан Јовановски познат како Боки 13 за „А1он“ вели досега немале можност да го бранат својот клиент пред судот. Тие тврдат дека Боки 13 воопшто не бил распрашуван кога му била определена мерката притвор ниту, пак, им биле посочени докази против него.

„Тој воопшто не е распрашуван. Нема покана за да даде исказ, ниту ни се посочени докази. Тој немаше можност да се брани, а нам не ни се покажани снимки ниту, пак, во решението за притвор пишува дека ги има“, вели адвокатскиот тим на Боки 13.

Правните застапници на Боки 13 се жалеле бидејќи не им е предочено на какви докази се темели одлуката за притвор, а за снимките што излегоа во јавност велат дека првпат ги виделе по објавувањето во медиумите.

Минатата недела Кривичниот суд го одобри барањето на Обвинителството за организиран криминал и корупција, од каде што бараа нови 30 дена притвор за Боки 13 и Зоки Кичеец.

Би можело да ве интересира

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева