Адвокатски штрајк во Кавадарци и Неготино

Од:

Адвокатите од Кавадарци и Неготино од вторник нема да работат. Одлуката ја донеле на денешниот состанок на адвокатскитее заедници во двата града, пишува порталот дума.

Од вторник нема да ги посетуваат судовите и другите органи и институции во земјава.

Во писменото образложение адвокатите наведуваат неколку причини меѓу кои нејасен и неприменлив Закон за адвокатска маркичка и правилник за нејзина примена. Адвокатите сметаат дека законот бил дискриминаторски и важел за поединци, а не и за адвокатски друштва. Сметаат дека законот ги дискриминира поради тоа што се бара однапред да платат персонален данок за приходи за кои не знае дали ќе ги остварат, но и поради тоа што не е јасно во колкава висина би се оданочувале приходите според адвокатската тарифа, без притоа да бидат одбиени материјалните трошоци.

Би можело да ве интересира

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on