Адвокатска комора: Се намалува тарифата за договорите со вредност од над 10.000 евра

Од:

Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија донесе Одлука за намалување на Адвокатската тарифа во однос на договорите со вредност од над 10.000 евра, кој во согласност со новиот Закон за нотаријат задолжително треба да бидат изготвени од адвокат. Воедно, за состав на овие договори повеќе нема да се пресметува ни износот од 30 отсто на име паушал, соопшти денеска Адвокатската комора.

Во постапките за издавање на платен налог, како што информираат, адвокатските трошоци ќе се пресметуваат во износ од 70 отсто од адвокатската награда и нема да се наплатува состав на полномошно и трошковник.

Во соопштението се потенцира дека со овие измени на Адвокатската тарифа, Адвокатската комора дава придонес во заштитата на граѓаните и на правните субјекти од несразмерно оптеретување со трошоци.

– Доколку ваквиот став на Адвокатската комора го следат и останатите субјекти во постапките, со намалување на надоместоците на нотарите и извршителите во постапките, ќе дојде до значително финансиско олеснување на граѓаните и правните субјекти во остварување на нивните права во овие постапки, стои во соопштението од Адвокатската комора.

Би можело да ве интересира

41-годишен маж од Скопје осомничен дека го подметнал пожарот во Адвокатката комора

Адвокатска комора: Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Пожар во канцеларија на Адвокатска комора

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на Уставот

Дисциплински органи на Адвокатската комора ќе утврдат дали адвокатот Страшевски сторил повреда

Ана Ололовска

Адвокатската фела во Охрид дискутираше за проблемите на одбраната во примената на ЗКП

Ана Ололовска