(ВИДЕО) Адвокатот на Боки 13: Не ни дадоа да видиме што сведочел Зоки Кичеец, ќе правиме увид и наредните денови

Од:

Адвокатот Сашо Дуковски кој го брани Бојан Јовановски познат како Боки 13 вели дека тие ги виделе сите докази кои досега се готови од технички апсект, а негодува и не му е јасно зошто Обвнителството одбило да му го даде на увид записникот од сведочењето на Зоран Милевски кој даваше исказ во својство на сведок.

“Три ипол часа гледавме се што има во јавнообвинителскиот предмет. Извршивме увид. Сметам дека ова требаше да биде направено многу порано, но никогаш не е доцна. Ќе продолжиме и наредните денови”, рече Дуковски.

Дуковски смета дека во предметот на Русковска имало и материјали кои не се докази, односно не можат да служат како докази.

“Таму немаше само докази туку и друг материјал. По моја оценка беше неопходно Бојан да биде присутен. Само во корелација и консултација со него, ќе одлучиме дополнително. Не значи дека има обемен доказен материјал, иако се задрживме три ипол часа. Во материјалите во голем дел има докази од објавените снимки во италијанскиот весник”, додаде Дуковски.

Увидот во доказите против Боки 13 ќе продолжи и наредните денови, бидејќи денес не е извршен увид во сите списи.

“Ние ги видовме сите докази кои се готови до овој момент. Има докази кои не се готови во овој момент од технички причини. ПИ мерките не се ништо посебно. Една работа како бранител ми е нејссна, не ни беше дозволен увид во записникот на осомничениот Зоран Милески, ни кажаа да го бараме од неговите бранители. Јас колку што знам господинот се брани со молчење. Но, ме зачуди зошто не можам да го видам, кажува Дуковски.

Адвокатот на Боки 13 е дециден дека записникот од сослушаниот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец, каде дава исказ како сведок, треба да му биде даде на увид.

Зоран Милески познат како Зоки Кичеец досега три пати давал исказ во Обвинителството, по негово барање.

“Едно е сослушување на сведок, што обвинителството мора да ми го даде на увид, а сосема различно е статусот на граѓанин од кого се собираат информации. И тука немам право да го видам”, смета Дуковски.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески