Адвокатот на Анџело: Нема убиство на Денис Тот, предлагаме ослободителна пресуда

Од:

Доказите на Обвинителството се во прилог на одбраната, а произлегува друга фактичка состојба, која не дава можност да судот, обвинетиот Анџело Ѓоргиевски го осуди за делото убиство кое му се става на товар. Ова е ставот на адвокатот Иле Танев кој во завршните зборови побара неговиот клиент, обвинетиот Ѓоргиевски да биде ослободен од за убиството на Денис Тот. Според него, начинот на извршување на кривичното дело е најспорниот елемент, па затоа бара ослободување од вина.

„Нема кривично дело убиство бидејќи Анџело Ѓоргиевски не презел дејствија кои би биле во целост исполнети законското битие кое му се става на товар со обвинителниот акт. Наспроти тезите на ЈО дадени во обвинителниот акт и анализата на доказите, како бранител, трудејќи се да го следам хронолошки и аналитички обвинителниот акт, следејќи ги сите дејствија на главата расправа, образложувајќи го предлогот за обвинителна пресуда, ќе настојувам да ве убедам во оправдувањето на предлогот за ослободителна пресуда и недокажаност на обвинителниот акт во поглед на кривичното дело кое му се става на обвинетиот“, кажа адвокатот Танев.

Тој смета дека двата удари на Анџело кон Денис Тот не довеле до негова смрт.

„Од сето ова ни се наметнуваат прашањата, дали овие евентуални два удари и падот на оштетениот, сега покојниот Денис Тот, до кои што дошло како резултат на тие удари, довеле до нанесување на повреди кои би довеле смрт на оштетениот? Одговорот од доказите е секако – не. Дали во умислата на обвинетиот е содржно делото кое му се става на товар? Одговорот е – не. И трето дали има соизвршителски дејствија на Анџело Ѓоргиевски со другите соодобвинети? Одговорот е – не. Дека ваквата теза на обвинителството е во најмала рака тенденциозна, изборот на правната квалификација – несоодветен, и истиот сметам дека е даден под притисок на јавноста и тезата на обвинителство е правно неиздржана. Обвинителството со никаков доказ во прилог на обвинителниот акт не ја докажа причинско-последичната врска со двата удари на обвинетиот со смртниот исход“, додаде Танев.

Адвокатот кој го брани првообвинетиот Анџело Ѓоргиевски посочи: „Ќе го убедам судот дека дејствијата преземени од него, не е таква да тој да биде огласен за виновен за кривичното дело за кое се товари“.

За Танев, умислата е најнедокажана, а мора да ја има, за да се докаже извршување на кривичното дело убиство.

„Тие се запознале дента во локалот ‘Две капки’. Немал мотив, а уште помалку умисла да го повреди Денис Тот. Според обвинителството настанала кратка расправија кога оштетениот влегол во возилото. Доколку оштетениот не влегол во такси возилото, каде не бил ни повикан, ниту требало со него да замине од дискотеката, немало да дојде до настанот. Непосрен е фактот дека оштетениот покажал агресивност и бил во видна алкохолизирана состојба и дека тој факт имал придонес во следат на немилиот настан“, додаде адвокатот на првообвинетиот Анџело Ѓоргиевски.

Тој ги анализираше сите докази во завршниот збор, како и исказите на сведоците.

Според адвокатот, обвинетиот противправно дејствувал само десетина секунди, што според него, е уште еден доказ дека тој немал умисла да го убие Денис Тот.

„Во овој дел на умислата, посебно за Анџело, сите понатамошни постапки и преземени дејствија биле во насока на намалување на штетната последица. Тоа е неспорно и од самите снимки и. Од исказите на сведоците. Откако паднал оштетениот, Анџело не презема никакво дејствие со удари, туку неговите дејствија се за да му се помогне на оштетениот, а не да се повреди или убие. Тој помагал при реанимација со масажа на срце, што значи преземал дејствија на реанимација, а не во насока за довршување на делото кои му се ставаат на товар од Обвинителството“, додаде адвокатот.

Тој посочи дека ударите од Анџело Ѓоргиевски, не се причина за смрт на Денис Тот.

„Од ударите и падот на оштетениот и ударот од падот, како и резултатот од повредата – нема ниту една тешка телесна повреда која сама по себе или севкупност ќе доведе до смртна последица“, кажа адвокатот.

Обвинетиот Анџело имал афективна состојба кога го удрил Денис Тот, тврди адвокатот, анализирајќи ги извештаите од вештите лица, по што констатираше: „Не е исполнето законското битие за убиство, а неспорно е дека постојат елементи за друго кривично дело. Бараме ослободителна пресуда за Анџело, бидејќи обвинителството не докажа дека го сторил кривилното делото“.

„Сите три повреди од ударот на Анџело не се тешки телесни повреди и не се животно загрозувачки. Тие повреди како последица немаат можност за смртна последица. Значи кога Анџело презел дејствија настанале тие повреди од тој карактер, како што тврдат вештите лица. Повредата која вештите лица ја сметаат за критична и без која немало да има смртна последица е нанесена подоцна но не од Анџело“, додаде адвокатот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Обвинителката за пресудата за Денис Тот: Казната е во рамки на законски предвидената казна

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Казните се драконски, ова е неправда“, реакции на адвокатите чии обвинети добија вкупно 52 години затвор

Кристијан Ландов

Лелек, тензии и негодување за високите казни од обвинетите: „Кај ќе ви оди душата?“, „Ќе ме избркате од судница?, „Чист сум пред Бога“

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Анџело и Клементина добија по 18 години затвор, а Андреј 16 години за убиството на Денис Тот

Кристијан Ландов

ВО ЖИВО: Пресуда за убиството на ракометарот Денис Тот

Ландов

Обвинителката убедена дека го докажала убиството на Тот: Огласете ги за виновни

Кристијан Ландов