Адвокатката Бегова тврди дека на снимката не е Јане Ченто и се закани со тужба

Од:

Адвокатката Анита Бегова која вели дека е бранител на осудениот Јане Ченто за „27 април“, тврди дека гласот на снимката која е објавена на „Јутуб“, не е на нејзиниот клиент.

„А1он“ го објавува интегрално ставот и барањето на адвокатката Бегова:

„Денес, на ден 28.04.2021 на вашиот портал А1он.мк е објавен текст со аудио запис и наслов ,,Заев ќе биде изрешетан како куче, ќе лежам доживотно”, снимка на “Jутуб” на која пишува дека Ченто и Ќосето зборуваат за ликвидација.

Во својство на адвокат на Јане Ченто,барам ВЕДНАШ И БЕЗ ОДЛАГАЊЕ да го тргнете името и презимето Јане Ченто од насловот и посочената статија и јавно да се извините за објавување на истата и инволвирање на Г-динот Јане Ченто во разговор во кој тој не учествувал.

Пред се, гласот на снимката воопшто не е на Јане Ченто, а неовластено објавување на било чиви телефонски разговори или снимање и репродуцирање на туѓи разговори е кривично дело, што мора да ви е познато.

Во ист формат и во истата рубрика – почетна, барам веднаш и без одлагање да го објавите ова писмено барање за јавно извинување, да се извините јавно и да ја повлечете оваа клеветничка и штетна вест, со која ќе се ублажат последиците од нанесената клевета и ќе се избегне ваша граѓанска одговорност за сторената клевета пред граѓански суд“.

„А1он“ нема објавено никаква снимка со посоченото лице Јане Ченто, туку пренесува аудио материјал кој е објавен јавно на „Јутуб“. „А1он“ никаде не тврди дека се работи за Јане Ченто, туку како што е прецизно напишано и во текстот, само пренесува како гласи насловот и кој според истиот учествувал во разговорот.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он