Адвокатка на обвинети во Диво Насеље: Обвинителството нема докази за обвинението „тероризам“

Од:

На денешната јавна седница за настаните од Диво Насеље каде одбраната ги изведува жалбените наводи пред петчлениот судечки совет на Апелацискиот суд за првостепената пресуда, адвокатката Артене Асени, бранител на дел од обвинетите изјави дека обвинителството нема цврсти докази за да го поткрепи обвинението за тероризам.

Асени посочи дека во првостепената пресуда се наведени неколку детали кои се косат со вистинската ситуација меѓу кои и времето кога ќе формирана групата од Диво Насеље.

-Во пресудата наведено е дека групата е формирана на почетокот на 2015 година, кога точно е тоа? Според доказите испаѓа дека групата е формирана на 30 февруари 2015 Во пресудата исто така не се наведува кои објекти ги користела групата, кои членови кое оружје го пренесувале преку граница, и кои се тие конкретни задачи кои ги имале обвинетите, рече Асени.

Адвокатката додаде дека обвинителството доколку сакало да направи опис за тероризам морало многу повеќе да се потруди, но како и да е, според неа тоа не може да се стори бидејќи се потребни докази кое обвинителството ги нема.

Ова е втор ден како се одржува јавната седница за настаните од Диво Насеље. Вчера, осудениците во своето групно излагање побараа меѓународна истрага, рекоа дека не го признаваат судот и дека адвокатите кои им се доделени не можат да зборуваат наместо нив.

Осудениците пред Судот кажаа дека целиот судски процес е изрежиран од страна на коалицијата Груевски – Ахмети и побараа како сведоци да бидат прифатени експремиерот Никола Груевски, ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, лидерот на ДУИ Али Ахмети, поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Стојанче Ангелов, Муса Џафери, Садула Дураку и останати високи поранешни и актуелни функционери на ДУИ.

По ова осудениците ја напуштија јавната седница која ќе продолжи само во присуство на нивните адвокати.

Адвокатката побара одново да почне постапката за осудените во Диво Насеље.

Основниот суд Скопје 1 во 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата. На шеснаесет обвинети судот им изрече и казна протерување странец засекогаш од територијата на Република Северна Македонија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Спасовски: Хероите вечно живеат, ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот

Спасовски: Осум години од „Диво насеље“ – Никогаш да не се повтори!

Ана Ололовска

Алтернатива тврди дека мнозинството зависело од ветувањето на Ковачевски за меѓународна истрага за „Монструм“ и „Диво Насеље“

Орце Костов

Шести ден штрајк на осудените за Диво Насеље, бараат подобри услови

Кристијан Ландов

Откриена спомен биста во Брвеница на загинатиот припадник на единицата „Тигар”, Жарко Кузмановски

Смртни закани за новинарот кој ги нарече криминалци членовите на „Кумановската група“, уапсени две лица

Катерина Ѓуровски