(ВИДЕО) Адвокатите на Јанева: Не ни дозволија да ја видиме изјавата на Кичеец

Од:

Адвокатите на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев по четиричасовниот увид во доказите за случајот Рекет изјавија дека не им било дозволено да го видат исказот на Зоран Милески Кичеец кој засега е осомничен во случајот, но му беше укинат притворот минатата недела.

-Не ни беше даден на увид исказот на Милески. Има повеќе искази но ниту еден не видовме. Ние сметаме дека имаме право на тоа исто како што имавме право да ги видиме исказите од сведоците, рече Кадиев.

Како што информираа двајцата адвокати, увидот во доказите не е завршен и ќе продолжи утре и наредната недела.

Тие исто така истакнаа дека се уште ги немаат видено ПИ мерките под кои била Јанева во текот на предистражната постапка.

Обвинителката Јанева денеска порано го напушти увидот поради дневниот ред и правилата во затворот Скопје во Шуто Оризари давајќи им овластување на адвокатите сами да ги разгледаат доказите.

Обвинителката Вилма Русковска неделава ја извести јавноста дека официјално истрагата за случајот е завршена.

Вчера во обвинителството исто така по втор пат дојде и осомничениот Бојан Јовановски кој бараше увид во доказите пред да го даде исказот пред обвинителката Русковска.

Според истрагата, Боки 13 заедно со Зоки Кичеец во два наврати зеле 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра со ветување дека преку ексшефицата на Катица Јанева ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството беа повикани бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика, и бизнисменот Зоран Азманов. Минатиот месец на распит кај Русковска беше и второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов