Адвокат од Ресен со лажно полномошно спровел оставниска и двапати продал иста куќа

Од:

Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против адвокат од Ресен затоа што со лажно полномошно направи оставниска постапка и ист имот пордал двапати.

Адвокатот во периодот од 2020 до 2022, со намера за себе да прибави значителна имотна корист, со приложување на полномошно со невистинита содржина спровел оставинска постапка пред надлежен суд и нотар, без знаење и одобрување од страна на оштетената А.Л., како наследник на имот кој бил предмет на оставина. Исто така, С.Т., со прикажување на лажни факти, ги довел и ги одржувал во заблуда оштетените, правен субјект од Скопје и Б.Е.А. од Скопје дека е полномошник на сопственикот на имотот и во два наврата, со двете оштетени страни поединечно, склучил преддоговори за купопродажба на еден ист недвижниот имот. Притоа, во полномошното кое е предмет на кривично дело било наведено средствата од продажбата на имотот да се префрлат на неговата сметка, а не на сметка на сопственичката.

За изготвување на полномошното кое е предмет на кривично дело и претставува исправа со невистинита содржина, како и за изготвување на двата преддоговори за купопродажба на имотот од страна на пријавениот биле искористени податоци од лична карта на А.Л., исправа која во периодот на склучување на преддоговорите за купопродажба на недвижниот имот била со изминат рок, односно неважечка, со важност до 23.06.2020, поради што не би можела да се користи во правниот сообраќај, но пријавениот ја употребил како да има датум на важност до 21.06.2027.

Со горенаведените дејствија, пријавениот С.Т., постапувајќи спротивно на законот и извршувајќи ги кривичните дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама“ успеал за себе да прибави противправна имотна корист во вкупен износ од 4.750.540 денари (или 77.250 евра) со што правниот субјект го оштетил во вкупен износ од 1.048.840 денари (или 17.250 евра), а Б.Е.А. во вкупен износ од 3.701.700 денари (или 60.000 евра), додека на А.Л. ѝ била нанесена штета во вкупна вредност на имотот кој бил предмет на незаконска оставинска постапка и незаконска продажба.

Би можело да ве интересира

Повредена скопјанка на концерт во КИЦ, врз неа паднала решетка од вентилација

Во „киа“ стуткани 10 мигранити, фатен криумчар во Гевгелија

23-годишник сексуално злоставувал петгодишно девојче

Катерина Ѓуровски

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип

Разбојништво во Скопје: го претепале за да му земат 8.800 денари

53-годишен скопјанец тепал дете со клоци и тупаници на улица, го удрил со рачка од нож и му ги исекол гумите на велосипедот