Министерот без ресор Аднан Ќахил ја извршуваше истата оваа функција и во периодот 1998 – 2000 година. Досега бил и советник на претседател на влада, како и пратеник во Собранието.
Роден е 1960 година во Скопје. Дипломирал на Хемиски факултет по што и магистрирал физичка хемија. Бил наставник во ОУ Тефејуз, процесен и главен инженер во Охис, професор во средното училиште Јосип Броз Тито, а од 1998 година до денес е професор на Педагошкиот факултет Скопје.
Ќахил е активен и во спортот. Меѓународен инструктор е на ВСКФ федерацијата во Токио за Европа и тренер во карате клубот Вардар со кој има достигнување до европски прваци.