Адмирал Клинган: Да продолжиме со партнерството, а политичкиот процес да ги реши прашањата на соодветен начин

Од:

Предизвиците со кои се соочуваат земјите-аспиранти за членство во НАТО се од политичка природа, изјави за МИА, командантот на Командата на здружените сили на Алијансата во Неапол, адмирал Брус Клинган, кој денеска во рамки на дводневната официјална посета на Македонија, имаше средба со началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески и со министерот за одбрана Талат Џафери.

– Во тој поглед, мислам дека како што тој политички процес се движи напред, и воените сили на Македонија, на Република Македонија, на поранешна Југословенска Република Македонија, бидејќи знаеме дека тоа е главното прашање, треба да продолжат со учеството за заедничките напори во одговор на безбедносните предизвици. Од таа гледна точка, имаме многу способен партнер од кој сме воодушевени да работиме заедно во соочување со тешките предизвици, рече командантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол.

За МИА, адмиралот Брус Клинган потенцира дека би сакал тоа партнерство да продолжи и, како што подвлече, да му се дозволи на политичкиот процес да ги реши прашањата на соодветен начин.

– Воената соработка што ја имаме и која постојано ја унапредуваме може да се движи напред независно од тие политички предизвици и процеси, оцени  командантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Брус Клинган.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација