Адмирал Бурк по средбата со Шекеринска: Имавме многу продуктивни разговори, благодарност за учеството во КФОР

Од:

Ми беше чест да и бидам домаќин на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзината делегација, овде во Неапол. Имавме многу продуктивни разговори и среќен сум што можев да и го возвратам гостопримството што ми беше укажано при мојата последна посета на Скопје во март 2021 година, истакна командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО, адмирал Роберт Бурк, по средбата со Шекеринска.

Како што информираа од Министерството за одбрана, тој ги изразил неговите симпатии и сочувство за борбата против шумските пожари во Северна Македонија.

– Изразив и благодарност за учеството на трупите на Северна Македонија во мисијата КФОР, подвлекувајќи ја силната посветеност на Алијансата на безбедноста на Западен Балкан. Сојузничката команда на здружените сили во Неапол се надева на уште повеќе можности за соработка со гордата и способна Армија на нашата најнова членка на НАТО во понатамошните вежби и мисии на Алијансата, потенцираше Бурк.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: НАТО со честитка за Денот на независност на Македонија

Бауер: Од влезот во НАТО, Северна Македонија презеде важни чекори за спроведување на своите одбранбени реформи

Османи по изјавата на Вучевиќ: Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија

Предраг Петровиќ

Галузин: НАТО работи на сценарио за употреба на нуклеарно оружје против Русија

Драшковиќ: Омразата кон САД и НАТО е поголема во Србија отколку во Северна Кореја и Иран

Предраг Петровиќ

Првиот Совет НАТО-Украина е закажан за в среда, а главна тема се житарките