АДКОМ: Водните услуги во РМ – потреба од реформа и координација

Од:

Чистата вода за пиење во природата ја има се помалку во својот вистински облик и истата е се повеќе загадена од најразлични видови на полутанти кои како крајна последица го загрозуваат здравјето на луѓето.

Во светски рамки во изминативе две децении се направени големи исчекори во зачувување на животната средина, преку подобрување и усовршување на работењето на јавните комунални претпријатија. Истите се стремат кон сигурно снабдување со вода за пиење и прочистување на отпадните води. Во Република Македонија неопходни се реформи за да ја задржиме здравата вода за пиење.

Секторот за водни услуги поминува низ реформски процес кој беше инициран со потребата да се усогласи националното законодаство со соодветните Директиви на ЕУ или пак од потребата за подобрување на ефиксасноста на работењето на Јавните комунални претпријатија (ЈКП) и обезбедување долгорочна, пред сè, техничка и финансиска одржливост на квалитетни услуги за корисниците.

Имајќи предвид дека главната цел на овие реформи е да се обезбеди финансиски самоодржлив систем на водни услуги, кој обезбедува висок стандард на дадените услуги со пристапна цена, идните предизвици во секторот бараат вклучување и ефективна координација на голем број засегнати страни во државата. Ова уште повеќе ако се знае дека моменталната ситуација во секторот се одликува со слаби технички и финансиски перформанси и за подобрување на истите потребно е да се обезбедат соодветни човечки, технички и финансиски капацитети како на централно така и на локално ниво.

На 30 октомври 2018 година, АДКОМ-Асоцијација на даватели на комунални услуги на Р. Македонија организира тркалезна маса со сите заинтересирани страни, претставници од Јавните комунални претпријатија, министерствата, инспекторати, Регулаторната комисија, Швајцарска развојна агенција, Делегација на ЕУ во РМ, Германско друштво за меѓународна соработка на тема „Поттикнување на дијалог во секторот водоснабдување и отпадни води во Република Македонија преку евидентирање на клучните предизвици со кои се соочуваат засегнатите страни и препораки за нивно надминување“.

Би можело да ве интересира

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он

Рестрикции на вода во Тетово

Забранета водата за пиење во Струга

Поради два литра вода починала 35-годишна жена-кобно е времето за кое ја испила