Аџиев: Во законскиот рок е извршена проверка на кандидатите за изборите

Од:

Претседателот на Комисијата за верификација на факти Томе Аџиев во интервју за МИА вели дека Комисијата во рамки на предвидените рокови изврши проверка на кандидатите за советници и градоначалници, во пресрет на локалните избори. Сепак, тој наведува дека останува можноста доколку некое од имињата на кандидатите се појавува во некои досиеја или документи, повторно да биде разгледувано.

Во однос на роковите за спроведување на проверката, истакнува дека во понатамошна постапка може да се анализира дали е потребно нивно ревидирање. Согласно измените и дополнувањата на Изборниот законик, во понеделник до полноќ Комисијата ќе ги прима новите листи, а штом добие информации од четирите институции, ќе ги разгледа и потоа ќе достави извештај до ОИК односно ДИК.

– Ние очекувавме вакво динамично темпо за време на локалните избори. Во рамките на законски предвидените рокови ја завршивме работата. Дали постапката се одвиваше брзо, динамично и дали треба поинакви рокови е прашање што треба во понатамошното работење на Комисијата да се анализира и да се види дали некаде може да се пушти малку рокот или не, изјави за МИА Аџиев.

Првиот човек на лустрациска вели дека брзото работење на Комисијата произлегува од Законот.

– Така е поставено во законот што Комисијата сите добиени извештаи и податоци од овие четири органи со кои соработува доколку утврди соработка веднаш да реагира и да ги извести општинските изборни комисии односно Државната изборна комисија. За се друго останува понатаму Комисијата согласно член 14 да истражува, да анализира… Имаме ние и таква можност понатаму во нашето работење. Доколку нешто се најде за овие кандидати во некое досие, Комисијата врз основа на овој член 14 може повторно да отвори постапка, изјави Аџиев.

Откако заврши постапката за проверка на кандидетите за локалните избори, според Аџиев Комисијата продолжува со редовната работа и веќе се разгледуваат нови досиеја.

Би можело да ве интересира

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска е поголема отколку пред пет години

Локални избори во Хрватска: Затворени гласачки места, ниска излезност