Адеми: Законот мора да се почитува, статус студент само со положена државна матура

Од:

Нема да се прифаќаат документи за упис на факултет со положена училишна матура, туку само со државна матура, како што наложува Законот за високо образование, дециден е министерот за образование и наука Арбер Адеми откако група матуранти собираа потписи да се направи отстапка оваа година зашто не биле информирани дека со законот државната матура е единствено прифатлива да продолжат во високо образование.

– Законот кажува дека само со положена државна матура средношколците може да стекнат статус на студент. Во вакви услови од нас се бара доследно да ги применуваме законските прописи и тие мора да се почитуваат. Постојано зборуваме дека бројот на студенти е огромен. Јавноста со право критикува што правиме и каде одиме. Целта е да предивидиме строги критериуми за запишување на факултет. Секој средношколец се запишува на факултет, секој завршува факултет. Се залагаме да ги зацврстиме условите за стекнување на статусот студент, но и за дипломирање во високото образование, додаде Адеми на прес-конференција која беше посветена на почетокот на новата учебна година.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски