Адеми: За МОН е прифатлив предлогот на Универзитетот на ЈИЕ

Од:

За Министерството за образование и наука е прифатлив предлогот на Универзитетот на Југосточна Европа македонските универзитети да работат според студиски програми на најдобро рангираните универзитети во Европа и САД.

Министерот Абдилаќим Адеми во изјава за МИА посочи дека предлогот ќе го подобри квалитетот на високото образование и ќе ја зголеми мобилноста на наставниот кадар и на студентите. Конечниот одговор, посочи Адеми, МОН ќе го даде при разгледување на измените на Законот за високо образование, кој е во второ читање во Собранието.

– Добивме конкретен предлог од Универзитетот на ЈИЕ околу можноста за усогласување на студиските програми на нашите универзитети со најдобро рангираните универзитети во светот. Тој предлог го разгледавме и делува како прифатлив затоа што сметаме дека преку тоа може да се зголеми квалитетот на високото образование во Македонија, но исто така и на универзитетите ќе им овозможи да се зголеми мобилноста на студентите и на професорите, изјави Адеми.

Според него, тоа исто така ќе овозможи универзитетите полесно да стигнат до потпишување на меѓународни договори со најдобрите универзитети во светот, како и подобро искористување на европските средства од програмите Еразмус и Хоризонт 2020, за кои, рече, се меѓу механизмите и алатките за подигнување на квалитетот и мобилноста на македонските универзитети и нивната соработка со универзитети во регионот.

Една од целите, посочи министерот Адеми, е усогласување на стандардите за реципрочно признавање на дипломите.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски