Адеми во посета на Кралството Норвешка

Од:

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, во придружба на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Никола Шалваринов, на 13 и 14 Февруари 2019 година ќе реализираат официјална посета на Кралството Норвешка.

За време на посетата, министерот Адеми ќе оствари средби со претставниците на дијаспората од Република Македонија во Норвешка и ќе реализира посета на општината Аскер, при што ќе има средба со градоначалникот на општина Аскер, Лене Конарди и средби со претставници на македонската дијаспора кои живееат во Аскер. Дијаспората на Република Македонија во Норвешка е најмногу концетрирана токму во ова општина.

Покрај средбите со дијаспората, министерот Адеми ќе оствари билатерални средби со државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Аудун Халворсен, директорот на Директоратот за Југоисточна Европа во МНР на Кралството Норвешка, амбасадорот Хаакон Бланкенорг и градоначалникот на Осло, г-Мариане Борген.

Фокусот на средбите со соговорниците ќе биде ставен на можностите за соработка во разни обласи во интерес на унапредувањето на положбата на нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Норвешка.

Дополнително, на средбите со своите соговорници, Министерот Адеми ќе разговара и за билатералната соработка и натамошното унапредување на односите во сите области од заемен интерес.

Би можело да ве интересира

Министерот Адеми му го честиташе пратеничкиот мандат на Васил Стерјовски

Ана Ололовска

Васил Стерјовски избран за пратеник во албанскиот Парламент

Ана Ололовска

Македонците во Австралија изразуваат загриженост поради плакатите со провокативна содржина

Ана Ололовска

Адеми на одбележување на десетгодишнината од земјотресот во италијанскиот град Акиле

Ана Ололовска

Министерот за дијаспора Адеми во посета на Италија и Ватикан

Ана Ололовска

Министерот Адеми во посета на Италија и Ватикан

Ана Ололовска