Адеми во Атина: Климатските промени се високо на политичката агенда на Владата

Од:

Министерот за животна средина Абдилаќим Адеми денеска во Атина учествува на редовен состанок на министерите за животна средина на Европската унија, на кој Македонија присуствува како земја кандидат, јави дописникот на МИА.

На состанокот се дискутира за животната средина во целина и за климатските промени,  но и за политиките на членките на ЕУ и земјите кандидати. Состанокот, исто така, е подготовка за самитот во Бон во јуни, кој е најголем самит за климатски промени што ќе се одржи во Европа.

– Ние како земја кандидат ги поддржуваме сите политики на Европската унија, односно ги спроведуваме политиките и директивитена ЕУ кои се однесуваат на климатските промени и животната средина. Како Министерство, ние сме координатори и надлежна институција и за спроведување и за имплементирање на политики од животна средина во другите сектори, особено за енергетската ефикасност и зелени политики, односно зелени пазари во Македонија, изјави Адеми.

Во врска со усогласеноста на македонското законодавство во европското, министерот рече дека во Поглавјето 27 ние како држава сме меѓу најусогласените во ова поглавје, но и оти тоа не значи дека тука треба да се запре. Адеми истакна дека Македонија продолжува со спроведување на политиките за животната средина и оти Министерството е во постојана комуникација и со европската делегација во Македонија, но и со другите ресори се со цел политиките за животна средина да се спроведуваат и во други области особено сега кога се гледаат негативните  последици од климатските промени. Тој исто така додаде дека ние како земја кандидат не само што ги поддржуваме политиките, туку и даваме придонес затоа што веке го усвоивме Третиот извештај за климатски промени, а некои други држави од регионот се уште немаат преземено никакви чекори во оваа насока.

Министерот Адеми информира дека има проценка оти за спроведување на целото законодавство кое е усогласено со Европската унија се потребни околу две милијарди евра кои секако дека не можат да се обезбедат само до Буџетот на државата, туку се обезбедуват и од разни други извори пред се од ИПА и преку билатерални соработки со другите држави од Европската унија и пошироко.

Во својот говор на состанокот, Адеми истакна дека очигледните докази дека климатските промени се случуваат денес наложуваат одговорности на сите да се преземат мерки, со цел се постигне глобално утврдената цел на ниво на ОН и да се движат кон т.н. ниско емисиони или „зелени“ економии.

– Прашањето на климатските промени и зелениот развој се високо на политичката агенда на нашата Влада. Ефикасната и амбициозна политика за заштита на животната средина претставува суштински дел на модернизацијата на економиите на локално, државно и регионално ниво. Свесни сме за предизвиците во оваа област кои произлегуваат од нашиот кандидатски статус за полноправно членство во ЕУ и посветени сме на исполнување на обврските. Чистата енергија и климатските промени заедно претставуваат највисоки приоритети во европската агенда за остварување на одржливост и истите се детерминирани и како еден од клучни приоритети во Националната стратегија за одржлив развој на Македонија, истакна министерот Адеми на состанокот во Атина.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов