Адеми: Учениците имаат право на протест, но ќе добиваат неоправдани

Од:

Учениците имаат право да протестираат, но не и да изостануваат од настава, изјави денеска министерот за образование Адеми.

Изгубените часови поради протестите како што вели мора да се регистрираат како неоправдани часови, бидејќи училиштата се обврзани да ги реализираат часовите според наставната програма.

Директорите ќе мора да направат план како ќе го надополнат изгубеното.

Од Средношколскиот пленум се жалат на силни притисоци и закани и пред и по протестот од 21 октомври. За нив го информирале и Народниот правобранител до кого деновиве поднесоа две анонимни претставки.

Една за попречување да излезат на протест, а втората за притисоците што се појавиле по маршот.

Учениците очекуваат средба со правобранителот на која лично ќе го информираат за заканите и притисоците.

Средошколскиот пленум на генерален пленум ќе ги одлучува за идните чекори доколку надлежните не ги вклучат во креирањето на новите законски решенија.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on