Адеми – Ружиќ: Реактивирање на меѓувладината мешовита комисија за заштита на малцински права во Србија и Македонија

Од:

По 14 години од потпишувањето на билатералната спогодба помеѓу Србија и Македонија, двете држави постигнаа договор за реактивирање на меѓувладината мешовита комисија за заштита на малцински права.

На денешната средба на министерот за дијаспора Еднонд Адеми и министерот за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ договорено е меѓувладината комисија првата средба да ја оствари во октомври.

– Се надевам дека меѓувладиниот мешовит комитет на есен ќе се состане за првпат од 2004 година кога е и потпишана спогодбата, а секако тука се октомври и ноември кога се и изборите за нациналните совети и верувам дека сето тоа ќе помине во најдобар можен ред и во интерес на македонското национално малцинство во Србија, изјави Адеми.

Измените на законите за изборите и работата на Нациналните совети на малцинствата во Србија, меѓу кои и македонското, беа во фокусот на разговорите на двајцата министри.

– Со оглед на тоа што македонската влада многу посериозно и поагилно се занимава со своите државјани во дијаспората ширум светот, ние успеавме да најдеме заеднички именител на нашата заедничка соработка, изјави Ружиќ.

Според Ружиќ меѓувладината мешовита комисија е еден од моделите која може да ги растовари земјите од дневнополитичи прашања кои на Балканот секогаш ги има и да помогне владите да се фокусираат на интересите на двете држави, на нивните државјани и на малцинските политики.

Во Србија според последниот попис од 2011 година, 22.755 лица се изјасниле како припадници на македонската националност. Според неофицијалните проценки во Србија живеат над 100.000 Македонци.

Би можело да ве интересира

Раководствата на N1, Nova, Radar и Danas официјално испратија понуда за преземање на UG media

Поради дојава за бомби, во Србија во прекин железничкиот сообраќај

А1он

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Старовиќ: Србија нема да воведува санкции против Русија

ВИДЕО: Објавена снимката на страшниот судир во кој загина деветгодишно дете и родителите

Предраг Петровиќ

Европскиот парламент усвои oстра Резолуција за Србија