Адеми на средба со претставници на иселениците во САД

Од:

Министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска имаше работна средба со претставници на организацијата Форум за демократска Македонија (ФДМ) во просториите на македонската мисија при Обединетите Нации во Њујорк.

Како што јави дописникот на МИА, на средбата се разговарало за актуелните политички процеси во државата и за неодамнешната позитивна препорака за започнување преговори со Европската унија.

Министерот Адеми информира за напредокот во изготвувањето на Националната стратегија за дијаспора каде повеќе организации и групи од иселеништвото, како ФДМ и Обединета македонска дијаспора, активно учествуваат во работната група.

ФДМ го поздравува инклузивниот процес на сеопфатно вклучување на сите релевантни чинители во дефинирањето и создавањето на стратегијата.

– ФДМ ја поздравува позитивната препорака и смета дека Македонија, како земја-кандидат, направила позитивни чекори во изминатава година, но и дека треба засилено да продолжи да работи на натамошни демократски и општествени промени за целосно да се интегрира во евро-атланските организации, изјавија од ФДМ.

Оттаму додаваат дека успешноста на овие промени, пред се, ќе се демонстрира со тоа колку граѓаните на Република Македонија реално ќе почувствуваат дека живеат подобро.

На средбата стана збор и за одредени сегменти од Националната стратегија за дијаспора, кои на практичен начин би го олесниле животот на македонските иселеници преку поедноставено добивање на лични документи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски