Адеми на Изборното собрание на Македонскиот сојуз во Шведска

Од:

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми кој на покана на Македонскиот сојуз во Шведска денеска во Гетеборг присуствуваше и се обрати на Изборното собрание на оваа македонска организација во дијаспората.

Како што соопштија од кабинетот на министерот, Адеми ги запозна присутните делегати со неговата работа во текот на изминативе десетина месеци и притоа истакна дека една од неговите цели е да воспостави институционална соработка и комуникација помеѓу Република Македонија и нејзината дијаспора. Министерот Адеми ја истакна и важноста на Националната стратегија за соработка со дијаспората, документ кој за првпат се изработува во Република Македонија, и во кој се анализираат постојните состојби, предизвиците, како и насоките за делување и воспоставување на успешна соработка помеѓу државата и дијаспората.

Министерот Адеми ги информирал присутните делегати и со работата на Владата на Република Македонија во целина. Тој истакна дека главен фокус на Програмата на Владата на за периодот 2017-2020 година е развојот на економијата и подигнувањето на животниот стандард на граѓаните, преку поддршка на домашните претпријатија, пред сè на малите и средните претпријатија, коишто инвестираат и отвораат нови работни места.

– Многу важна вест за дијаспората е и усвојувањето на Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите од страна на Владата на Република Македонија, кој покрај домашните и странските инвеститори, ги опфаќа со финансиска поддршка и инвестициите од дијаспората, нагласил Адеми.

Во однос на надворешната политика, министерот Адеми го акцентирал значајниот напредок на Република Македонија кон евроатлантските интеграции и како многу значаен момент го посочи последниот Извештај на Европскиот Совет за земјите на Западен Балкан и Извештајот на Европската Унија, кој содржински е со кристална чиста препорака и за Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски