(ВИДЕО) Адеми: Максимално сме фокусирани за победа во вториот круг

Од:

Портпаролот на изборниот штаб од ДУИ, Арбер Адеми не сакаше да го коментира резултатот од изборите, во однос на албанското гласачко тело. Рече дека во вакви услови кога луѓето се изморени од политика, излезноста била задоволителна.

„Во општина Сарај има победа за Стево Пендаровски. Целата кампања знаеме каква беше, но граѓаните го препознаваат концептот на лажни патриоти. Дека не ги подржуваат, покажуваат, изборните резултати. Река доби мал број гласови, резултат со кој не може да се фали. Ние кога сме имале кандидат за претседател, секогаш сме имале добри резултати. Максимално сме фокусирани во вториот круг. Очекувам максимална победа на концептот заеднички кандидат“, рече Адеми.

И официјално, Адеми потврди дека Ахмети нема да присуствува на обраќањето на Стево Пендаровски, односно дека тој е претставникот на ДУИ.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?