Адеми: Изготвени се нови наставни програми по предметот „музичко образование“

Од:

Изготвени се нови наставни програми по предметот „музичко образование“ за шесто, седмо, осмо и деветто одделение, кои се веќе усвоени и започнува нивната примена, наведе денеска министерот за образование на наука Арбр Адеми.

Нагласи дека програмите придонесуваат кон унапредување на концептот на мултикултурализам, запознавање и почитување на различностите.

– Секој ученик ќе ја изучува културата и традицијата во областа на музиката на својата заедница, но ќе има можност да ја изучува и музичката култура и традиција на сограѓаните од другите етнички заедници, преку слушање и обработка на песни и композиции, како и запознавање со инструментите и другите обележја на тие заедници, посочи Адеми.

Рече дека новите наставни програми ја унапредуваат содржината што учениците треба да ја изучуваат по предметот кој им ја развива љубовта кон музиката и кон музичкото творештво.

– Програмите нудат лесно разбирлив јазик, односно материја која едноставно ќе биде совладана од страна на учениците, согласно нивната возраст, а со цел да добијат информации за основите на музичката уметност, за музичките инструменти, да ги доживеат во целост музичките дела и да се едуцираат и информираат за обележјата на етничките заедници кои живеаат на територијата на нашата земја, а се поврзани со нивната музичка култура и традиција, истакна министерот за образование и наука.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци