(ВИДЕО) Адеми до ВМРО-ДПМНЕ: Плачете по власт

Од:

Ова не е лично моја битка ниту битка на ДУИ со било која партија. Ова не е битка на Албанците со Македонците, туку е битка помеѓу вас, македонските партии, рече Џеват Адеми од ДУИ.

Тој кажа дека не се согласува со менталниот склоп на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои велат дека „се продадени Кичево, Струга и Скопје“ и воедно ги праша каде се продадени ако веќе мислат дека се.

– И ние Албанците од Македонија сме граѓани на Република Македонија. Не сакам да се вратам наназад што значи коалиција. Коалиција е да ги здружиш силите кога не можеш сам, рече Адеми.

Тој повторно потврди дека Мајски договор за коалиција победник со победник постоел и кажа дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ плачат по власт.

– Ги извртевме работите. Ова ќе потрае. Внимавајте што зборувате, бидејќи цената ќе ја платиме сите, рече Адеми.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска