Ад-хок комисијата ќе ги разгледува сите снимки од 24. декември

Од:

Ад-хок комисијата за расчистување на случувањата од 24. декември минатата година пред и во Собранието ќе ги разгледува сите снимки од Парламентот од тој ден и ќе побара мислење и дополнителни снимки од политичките партии.

Претседателот на Комисијата Борче Давитковски денеска изјави дека ќе ги користат сите методи и оти ќе се разгледуваат официјалните видео снимки од Собранието и видео материјалите што ги имаат политичките партии.

–  Ќе земеме стенограми, официјални видео снимки од Собранието, но ќе ги користиме и видео снимките од политичките партии. Тие сигурно ќе достават свое видување и затоа им дадовме четири до пет дена за да го дадат своето видување за настаните во вид на извештај.

– Во секој случај се она што е во функција да се открие вистината, да се утврдат фактите. Ние сме експертска комисија и мора да ги утврдиме фактите, истакна Давитковски.

Според динамиката на работата на Комисијата, се очекува да се запази рокот од два месеца за подготвување на Извештајот за настаните од 24. декември минатата година.

Формирањето на Комисијата е обврска од мартовскиот договор постигнат меѓу власта и опозицијата, во присуство на европската тројка.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање